Пресврт: Ла Лига ја одби регистрацијата на Олмо, Барселона ќе мора повторно на суд

Иако сите светски медиуми уште во петокот ја пренесоа информацијата дека регистрациите на Дани Олмо и Виктор Пау се одобрени, сепак, најновите информации велат дека тие и официјално се одбиени.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија и Ла Лига ги одбиле регистрациите на двајцата фудбалери и тие во моментов немаат право на настап за Барселона. „Каталонците“ во моментов го исполнуваат правилото „1:1“ за финансиски фер-плеј, но објаснувањето е дека е задоцнето со барањето за регистрација, односно не е испочитуван крајниот рок.

Раководството на Барселона сега ќе може да тужи, односно да се жали на спортскиот суд, а доколку од таму добие дозвола, тогаш ФС на Шпанија и Ла Лига ќе мора да ја почитуваат таа одлука и да ги потврдат регистрациите на Дани Олмо и Виктор Пау.

- Оглас -

Најнови вести