Пресврт: Маркус Рашфорд потпишува за европски гигант?!

Доаѓањето на Рубен Аморим на клупата на Манчестер јунајтед значеше дека за Маркус Рашфорд веќе нема место во таборот на „црвените ѓаволи“. Офанзивецот се пресели во Астон вила, каде ја мина последната полусезона, но сега повторно е дел од Манчестер јунајтед, иако се чини не за долго.

Фудбалерот е на продажба, а Рашфорд како сам да се нудеше на Барселона со изјавите дека сака да игра во иста екипа со Ламине Јамал. Сепак, од трансфер во редовите на „каталонците“ нема да има ништо, а Рашфорд сепак ќе ја напушти Англија.

Се чини дека следна дестинација за одличниот офанзивец ќе биде Баерн Минхен, екипа кој веќе се распрашува за условите под кои може да го купи Рашфорд, а очекувањата на раководството на „црвените ѓаволи“ се дека ќе добијат околу 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести