11.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Пресврт: Мечот меѓу Вилјареал и Барселона нема да се игра во Мајами

Ништо од историскиот момент. Дуелот меѓу Вилјареал и Барселона за кој беше одлучено да биде прв од шпанското првбенство што ќе се игра надвор од Шпанија, сепак нема да се реализира.

Челниците на шпанското првенство решија тој меч да се игра во Мајами, САД, но речиси сите клубови од Примера дивисион негативно реагираа на оваа одлука. Во последното коло од првенството, сите мечеви започнаа со 15-тина секунди протест од страна на сите фудбалери, па пораката беше сфатена.

Првите луѓе на Примера дивисион вечерва одлучија да го откажат мечот во Мајами и средбата сепак ќе се игра на стадионот на Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести