Жозе Мурињо наводно сака да потпише нов договор со Рома и да остане на клупата на Волчицата и покрај богатите понуди од Саудиска Арабија, пишува „Ил темпо“.
Мурињо во Рома пристигна во 2021 година и има договор до крајот на сезоната, а поради слабиот старт на сезонава, се појавија шпекулации дека сигурно нема да му биде продолжен договорот, па дури може и да му биде врачен отказ.
Но, весникот пишува дека Мурињо сака да остане во Рома, а последниот збор ќе го има претседателот и сопственик Ден Фридкин.
„Мурињо ужива да работи во Рим, најмногу поради љубовта која му ја искажуваат навивачите и фудбалерите. Поради тоа, Мурињо сака да изврши притисок врз челниците на Рома за да му понудат продолжување на соработката бидејќи смета дека работата не му завршена“, пишува „Ил темпо“.
Мурињо со Рома во неговата прва сезона триумфира во Лигата на конференции, а минатата играше во финалето во Лигата на Европа.