Пресврт на пресвртот, Анчелоти е многу блиску до договор да стане селектор на Бразил!

Реал Мадрид и Карло Анчелоти ги договориле условите за раскинување на договорот што го имаат до јуни 2026 година, а со тоа е тргната и последната пречка за италијанскиот стручњак пред да стане селектор на репрезентацијата на Бразил.

Анчелоти има начелен договор со Бразилците, но Реал не сакаше бесплатно да го пушти и да му ја исплати целата сума која треба да ја добие за предвремената разделба. Неодамна пропадна договорот на Анчелоти со Бразилците, но тоа беше само привремено, Реал и Карло ги договориле условите под кои ќе ја прекинат соработката.

Се шпекулира дека Анчелоти по дербито со Барселона в недела, јавно ќе го објави своето заминување од Кралскиот клуб, а функцијата селектор на Бразил треба да почне да ја извршува на почетокот на јуни.

- Оглас -

Најнови вести