Трет ден трае потрагата по убиецот кој во понеделникот вечерта со нож смртно го повреди навивачот на АЕК, Михалис Кацурис. Грчката полиција уапси повеќе од 100-тина хрватски навивачи кои ненајавено дојдоа во Атина и направија голем инцидент пред мечот АЕК – Динамо Загреб.
Хрватските хулигани имале поддршка од навивачи на Панатинаикос, а полицијата уапсила грчки навивач кој е меѓу осомничените за убиството. Се работи за добро познат навивач на Панатинаикос кој веќе бил во затвор, а последните шест месеци бил на условна слобода.
Засега нема потврда дали токму тој грчки хулиган е главен осомничен за убиството на 29-годишниот Михалис, чиј погреб ќе биде утре.