Барселона беше блиску да му го продаде Ансу Фати на Монако и да се ослободи од неговата висока плата, но се чини дека и членот на Лига 1 се откажа од таквата намера. Во моментов ниту една екипа не е заинтересирана да го купи фудбалерот поради неговите високи барања, кои се ниво на платата која ја добива во Барселона.
Каталонците сакаат по секоја цена да се ослободат од него, па повторно во игра е позајмица и повторно се споменува Монако, но во овој случај екипата од Франција нема да ја преземе целата неговата плата, туку дел ќе му исплаќа и Барселона.
Сепак, главното барање на раководството на Каталонците е позајмицата да биде со задолжителен откуп, па Монако ќе мора да го купи на крајот од следната сезона. Договорот на Ансу Фати со Барселона истекува летото 2027 година.