Алехандро Гарначо е многу блиску до заминување од Манчестер јунајтед, но не во Атлетико Мадрид како што долго се најавуваше, туку во Наполи. Ова се најавите на медиумите од Италија, од каде велат дека раководството на поранешниот шампион на Италија, во него гледа одлична замена за Кварацкелија, кој треба да потпише за ПСЖ.
Според италијанските медиуми, Наполи ќе понуди 50 милиони евра за Гарначо, а толку е и неговата моментална вредност. Тоа би значело дека Атлетико Мадрид ќе извиси и ќе остане без планираното засилување и нема да има ништо од враќањето на Аргентинецот во клубот за кој настапуваше во младинските категории.
BOOM!
Manchester United’s Garnacho’s agent has been contacted by Napoli to be transferred in place of Kvaratskhelia.
Napoli ready to offer 50m€ to Manchester United
EXCLUSIVE Sportitalia pic.twitter.com/KGpOPNIfRw
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) January 12, 2025