Пресврт, Пантер останува да го предводи Партизан и во наредните две години

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, потпиша нов двегодишен договор со шампионот на АБА-лигата, објавија Црно-белите.

Иако пред неколку дена, сите медиуми објавија дека Пантер ја прифатил понудата на Барселона вредна шест милиони евра за две години, од тоа нема ништо и најдобриот играч на Партизан одлучи да остане во Белград.

Тој денеска потпиша нов двегодишен договор со Партизан и ќе ја предводи екипата во Евролигата и во АБА-лигата каде тимот ја освои титулата по пауза од една деценија.

- Оглас -

Најнови вести