6.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Пресврт: Партизан ќе го моли Обрадовиќ да остане тренер

Од кошаркарскиот клуб Партизан наместо да го објават името на новиот тренер, донеле заклучок да го молат и да го убедат Жељко Обрадовиќ сепак да остане на клупата на Црно-белите и покрај неговата оставка.

Клубот не може да се помири со оставката, па за 14 часот закажале седница на Извршниот и Управниот одбор, на која ќе се разгледуваат начини како да го премислат Обрадовиќ.

Сега топката е во рацете на тренерот, тој треба да донесе дефинитивна одлука дали останува на ставот дека се повлекува од функцијата или ќе се премисли и ќе ја повлече оставката, со што би останал во обид да ја спаси сезоната во Евролигата, која засега е неуспешна.

- Оглас -

Најнови вести