Пресврт: Перес попушти, капитенот останува во Мадрид

Серио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, по сите изгледи ќе остане во клубот и по крајот на оваа сезона. Наводно, претседателот Перес попушти и ќе направи исклучок така што ќе му понуди двегодишен договор на искусниот стопер, нешто што не се случило во редовите на Кралскиот клуб за играчи постари од 30 години.

Токму времетраењето на договорот беше проблем за Рамос, по што беше најавено дека ова му е последна сезона на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа тој се држеше до своите услови и на крајот извојува победа против управата.

Наскоро ќе бидат познати сите детали, односно ќе се официјализира обновената соработка. Во меѓувреме, Рамос работи на враќање на терените по операцијата на коленото, поради која повеќе од 80 дена е надвор од клупските обврски.

- Оглас -

Најнови вести