Пресврт: Рамос се премисли, прифаќа и едногодишен договор за да остане во Реал

Шпанските медиуми најавуваат пресвртница во случајот на Серхио Рамос. Капитенот на Реал Мадрид по сите изгледи ќе остане во клубот. Наводно, Рамос се премисли и повеќе нема да притиска за двегодишен договор, туку ќе стави потпис на 12-месечна соработка, како што е условот на мадридскиот гигант.

Со месеци шпанскиот ветеран се обидуваше да изнуди подолг договор со цел да си ја осигури иднината, но претседателот Перес ја одржа политиката на клубот да не прифаќа договори на играчи постари од 30 години на подолг период.

Неколку гиганти, како Манчестер сити и ПСЖ, му ги отворија вратите на 35-годишниот Рамос нудејќи токму она што посакува и високи примања, но овие шпекулации навестуваат дека долгогодишниот стопер на Реал не може да се замисли во друг клуб.

Повеќе од една и пол деценија Рамос ги брани боите на Кралскиот клуб и веќе доби статус на легенда освојувајќи бројни трофеи во Шпанија и Европа, пред се четирите титули во ЛШ, со повеќе од 650 настапи за во белиот дрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести