Пресврт – Рангник комплетно се повлече од Манчестер јунајтед

Ралф Рангник објави дека комплетно се повлекува од таборот на Манчестер јунајтед и нема да продолжи како стручен консултант на Црвените ѓаволи.

Германецот најпрво се повлече од тренерската позиција и му го отстапи местото на Ерик Тен Хаг од Ајакс, а сега веќе е сигурно и дека комплетно ќе си замине од редовите на англискиот гигант.

Рангник е нов селектор на австриската репрезентација и токму на прес на националниот тим соопшти дека си заминува од Манчестер јунајтед.

Црвените ѓаволи веднаш реагираа и му се заблагодарија на Германецот.

„Му благодариме на Рангник за соработката и му посакуваме успеси во понатамошната кариера“, објавија од таборот на најтрофејниот англиски клуб.

Рангник немаше многу успеси како тренер на Црвените ѓаволи, кои нема да играат во Лигата на шампионите идната сезона, а не освоија ниту еден трофеј.

 

- Оглас -

Најнови вести