Пресврт: Сантош засега нема да ја повлече 10-ката, самиот Пеле сакал така!

Фудбалскиот клуб Сантош од Сао Пауло, во кој славниот Пеле ја мина речиси целата клупска кариера, се премисли околу идејата за повлекување на дресот со бројот 10, кој своевремено го носеше покојниот Пеле.

И семејството на Пеле го бараше тоа од Сантош, претседателот Андрес Руеда беше на иста линија, и кога се чинеше дека работата е завршена, дојде до драматичен пресврт.

Раковоството на клубот се премислило откако слушнале изјава на Пеле од 2017 година, во кое тој рекол дека можеби е подобро дресот до број 10 да продолжи да се користи во Сантош.

„Подобро бројот 10 да остане достапен, така луѓето никогаш нема да го заборават“ – се зборовите на единствениот фудбалер со три светски титули, кои ги премислија челниците на Сантош.

- Оглас -

Најнови вести