Српскиот тренер Дејан Станковиќ ќе остане на клупата на Сампдорија до крајот од сезоната. Ова е одлука на челниците на клубот, која доаѓа како реакција по понудената оставка на Станковиќ.
Во последниот меч од Серија А, Сампдорија убедливо со 5:0 загуби од Фиорентина и остана закована на дното од табелата со само 17 бодови од 32 меча. Специја која е на последното сигурно место (17 позиција) има 27 бодови.
Дејан Станковиќ на клупата на Сампдорија седна минатиот октомври и ги водеше на 26 натпревари, на кои забележа само 4 победи, 6 нерешени и 16 порази.