Речиси беше сигурно дека Душан Влаховиќ и Јувентус ќе се разделат налето, но последните информации кои пристигнуваат од Италија го говорат спротивното. Србинот зимоска се повреди, а тоа како да ги промени неговите планови, но и го намали интересот на останатите екипи.
Влаховиќ бараше плата од најмалку 10 милиони евра, а со оглед на тоа дека неговиот договор истекува налето, тој ќе биде слободен фудбалер. Сепак, барањата на Србинот се намалија, па неговиот менаџерски тим предложил плата од осум милиони евра за останување во Јувентус.
Веднаш следуваше и контрапонуда од седум милиони евра, а според италијанските медиуми, Влаховиќ ќе го прифати ова заедно со краткорочен договор, а дури потоа ќе размислува да ја промени фудбалската средина.
Србинот во Јувентус пристигна во 2022 година од Фиорентина за сума од 84 милиони евра. За овие четири и пол години одигра 163 натпревари за Старата дама со ефект од 64 гола и 16 асистенции.

