Пресврт во голем стил на Ѓорческа и Страхова во првото коло на ИТФ-турнирот во Грузија

Лина Ѓорческа и Валерија Страхова со голем пресврт славеа победа од 2-1 во сетови над тандемот Колменга – Осборн во првото коло на ИТФ-турнирот во Телави, Грузија.

Нашата најдобра тенисерка заедно со Украинката се први носителки во конкуренцијата на парови, па откако го загубија првиот сет со 6-1, ја оправдаа фавотитската улога во голем стил. Со шест освоени гемови во низа, односно 6-0, Лина и Валерија изедначија, а во третиот сет славеа со 10-4.

Инаку, Ѓорческа на овој турнир ќе се натпреварува и во сингл конкуренција, каде што е трета носителка, а ќе почне од второто коло во мечот против Бугарката Гергана Топалова.

- Оглас -

Најнови вести