Недоразбирањето меѓу Пари Сен Жермен и Лионел Меси е пред мирна разврска, откако аргентинската суперѕвезда реши да упати јавна порака со извинување до сите во клубот и соиграчите.
ПСЖ го суспендираше Меси на две недели без тренинг и играње мечеви, откако фудбалерот без никаква најава, самоиницијативно си замина од Париз и замина на мини одмор во Саудиска Арабија со своето семејство. Преку својот Инстаграм профил, Меси упати порака со извинување.
„Здраво. Сакав да ја снимам оваа видео порака поради тоа што се случува. Пред се, се извинувам на моите соиграчи и на клубот. Искрено, мислев дека ќе имаме слободно време после напорните мечеви во претходните неколку недели. Ова патување во Арабија го имав организирано од претходно и не можев да го откажам. Повторно се извинувам ја тоа што го направив и ја чекам одлуката на клубот. Ништо повеќе, ве гушкам“, рече Меси во пораката на социјалните мрежи.