Српскиот фудбалер, Александар Пријовиќ, вчера попладне беше приведен од белградската полиција, но причината не е таа за која се мислеше. Играчот на саудискиот клуб Ал Итихад, не го прекршил полицискиот час или задолжителниот карантин за повратник од странство, туку во лобито во хотелот „Краун Плаза“ биле друштво од 17-18 луѓе и пиеле пијалоци.
Полицијата информираше дека Пријовиќ, пејачот Џани и сите останати кои биле таму, се уапсени за прекршување на мерката забрана за собири со повеќе од пет луѓе. Тоа се случило во 14 часот, два часа пред почетокот на полицискиот час. Биле многу повеќе од петмина, што не е дозволено, па сега ќе одговараат и тие и организаторот, во случајов хотелот, кој не смеел да дава храна и пијалок во својот ресторан, туку дозволена е само достава на домашна адреса.