Неочекуван прекин на преговорите на Лионел Меси и Барселона. Оваа ексклузивна вест прва ја објави мадридската „Марка“, но ја потврдија и некои од најпознатите каталонски медиуми, што значи дека ситуацијата е сериозна.
Навивачите на Барселона беа убедувани дека договорот е постигнат и само што не е потпишан, се најавуваше дека Меси на 8 август ќе игра на мечот со Јувентус на „Камп ноу“, но на денешниот состанок на таткото и агент на Меси со раководството на Барса се појавиле сериозни разлики во некои точки од понудениот договор. За Меси некои работи биле неприфатливи и преговорите засега се закочени.
Најголемиот проблем на Барса се парите. Клубот нема доволно пари за да му понуди на Меси колку што бара тој без да се продадат некои од играчите, а продажба на некоја ѕвезда би го ослабела составот и Аргентинецот не би бил среќен да игра во тим кој нема да има квалитет да се бори за сите трофеи.