Турскиот фудбалски судија Халил Умут Мелер денес е пуштен од болничко лекување, откако во понеделникот вечерта беше претепан од претседателот на Анкарагучу и неговата придружба.
Сега веќе поранешниот претседател на турскиот клуб ѝ се извини на спортската јавност за случувањата по натпреварот и вели дека му удрил само шамар на судијата.
Од друга страна, Мелер вели дека кога бил нападна,т добил и закани по живот, односно дека претседателот на Анкарагучу му рекол дека ќе го убие.
Челниците на Фудбалскиот сојуз на Турција денес ќе одржат состанок на кој се очекува да биде донесе одлука за продолжување на првенството.