25.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Претераа со маркетингот: Наполи против Милан ќе игра во специјални црвени дресови

Дербито на Серија А помеѓу Наполи и Милан, кое ќе се игра в недела во Неапол, ќе привлече внимание не само затоа што е битка за првото место туку и поради дресовите кои ќе ги носи домашниот тим.

Наполи испадна од Лигата на Европа и целосно се фокусира на првенството, сонуваат за Скудетото, но мислат и на маркетингот. Наполи против Милан нема да игра во своите традиционални светлосини дресови, туку во специјални црвени дресови посветени на Диего Марадона, чиј лик го има на предната страна.

Ова ќе биде дури 13-тиот различен дрес што го користи Наполи сезонава.

- Оглас -

Најнови вести