Претпоследна шанса – Играј „Среќна 13-ка“ и добиј iPhone XS

Се наближува крајот на втората сезона на Спортска прогноза, во која уште го чекаме добитникот на главниот подарок iPhone XS. Од денес е достапно 33-тото коло за прогнозирање, во кое има неколку интересни дербија како предизвик за најдобрите прогнозери.

Од петте парови за сабота, најнеизвесен се очекува да биде дуелот меѓу Јувентус и Аталанта. За недела се предвидени седум пресметки, а од нив се издвојува градското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал, додека пак нашиот Елиф Елмас со Наполи ќе го пречека Милан во второто викендашко дерби од Серија А.

Колото ќе се комплетира со натпреварот меѓу Вилјареал и Реал Сосиедад, кој е закажан за понеделник навечер. Инаку рокот за прогнозирање во 33-тото коло е скратен за неколку часа бидејќи првиот дуел во сабота стартува во 13:30 часот, а тоа е Ватфорд – Њукасл.

Во претходното коло играчите на Спортска прогноза не можеа да се пофалат со добиена награда, двајца беа на чекор од ваучер од 500 денари. Затоа сега е нова шанса за сите играчи. Како што знаете, со 13 погодени, следува мобилен телефон IPhone XS. Со еден утнат пар, односно за 12 погодени дуели, подарокот е вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека за 11 погодени, вредносниот ваучер е 500 денари. Оваа игра е бесплатна, па едноставно нема што да загубите, но може позитивно да бидете изненадени.

Не го пропуштајте ова коло затоа што бодовите од секое коло се пресметуваат во Генералниот пласман. За најдобриот во Генералниот пласман на крајот од сезоната ќе следува ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната. Засега лидер во Генералниот пласман е Христијан Т. со 219 поени.

- Оглас -

Најнови вести