Македонските фудбалски прволигаши денес ќе го одиграат претпоследното првенствено коло. Генерално сè е познато околу пласманот на екипите. Струга Трим Лум е шампион, Шкендија и Шкупи имаат обезбедено пласман во фудбалска Европа, а Победа од Прилеп се сели во второлигашката конкуренција. Единствено што треба да биде одлучено е која екипа ќе му се спротивстави на Вардар во баражот за опстанок/пласман во Прва лига.
Најблиску до тоа е екипата на Скопје, но ќе треба да се случи чудо за да ги стигне четирите бода предност што ги има Академија Пандев. Тимот од Автокоманда ова коло гостува во Кавадарци, кај Тиквеш, кој минатото коло ја шокира Академија Пандев со 1-4 во Струмица. Кавадарчани се фаворити со квота од 1.59 во понудата на Sport Life. Изненадување на Скопје носи квота од 4.65.
Тешко гостување има и екипата на Академија Пандев, и тоа во Штип кај Брегалница. Струмичани се благи фаворити со квота од 2.50, додека победата на Брегалница е вреднувана со квота од 2.60.
На останатите натпревари, Шкупи само за престиж ќе се обиде да го сочува второто место на табелата на дуелот против Македонија ЃП, додека Шкендија во Тетово со „шпалир“ ќе го пречека новиот шампион, Струга Трим Лум.
Последниот натпревар нема никакво значење, а во Кратово ќе се сретнат екипите на Силекс и Работнички.