Претпоследното коло на Спортска прогноза сезонава, со неколку предизвикувачки парови

Новото 30-то коло на Спортска прогноза за кое веќе започна типувањето, е претпоследно за оваа шеста сезона на популарната бесплатна игра во која обложувачите може да добијат подароци без да вложат ништо.

Како во секое коло, така и сега, главна мисија за сите прогнозери е да се обидат да погодат сите исходи од 13-те парови од основната понуда, што би им дало можност да си одберат еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

Со 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.

Важни се и резервните парови, бидејќи се бројат во генералниот пласман. Најдобрите петмина од генералниот пласман добиваат подароци, а премијата е ваучер вреден 30.000 денари од „Анхоч“.

За новото 30-то коло може да се типува до сабота во 15.30 часот кога ќе почнат два бундеслигашки натпревари од понудата.

Има и неколку интересни дерби-мечеви за кои ќе биде посебен предизвик да се погодат како ќе завршат. Рома е домаќин на Аталанта во Серија А. Двата тима кои стигнаа далеку во Лига Европа, се борат за место во ЛШ, а тука е и дуелот на Манчестер јунајтед со Арсенал. Црвените ѓаволи треба да се вадат за катастрофата против Кристал Палас и рекордниот број порази, но на Топчиите само победа им врши работа во трката за титулата, реми или пораз веројатно ќе значи нов трофеј за Манчестер сити.

Освен овие мечеви, има и други интересни средби кои треба да погодите како ќе завршат.

- Оглас -

Најнови вести