Вечерва се играат пет меча од претпоследното коло во кошаркарската Евролига, а три се посебно интересни и може да донесат одговори на некои прашања околу позициите кои носат плејоф и плеј-ин.
Хапоел Тел Авив во Софија е домаќин на лидерот Олимпијакос, а ако победат Израелците, ќе се изедначат со Олимпијакос, па тука битката е за домашна предност во плејофот. Фенербахче има четири порази по ред, а Реал Мадрид два, па победникот може да смета дека ќе оди во плејоф, додека тој што ќе загуби можеби ќе треба да игра и плејин за да влезе во четвртфиналето на плејофот.
Интересно ќе биде и во Валенсија каде гостува Панатинаикос во меч на два тима кои имаат Американци со македонски пасоши. И Валенсија и ПАО имаат амбиција директно да влезат во плејофот, тоа ќе биде можно само со победа вечерва.


