11.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Претседател на турски прволигаш осомничен за „местење“, уапсени се 17 судии

Минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вклучени во обложување на натпревари, по што обвинителите побараа апсење на 21 лице, меѓу нив 17 судии и еден ненаведен претседател на прволигашки клуб.

Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул соопшти дека судиите се осомничени за занемарување на должностите и манипулации со резултатите, додека претседателот на клубот се сомничи за „местење резултати“. Досега се уапсени 18 од 21 осомничен, јави новинската агенција „Анадолу“.

Истрагата на Турската фудбалска федерација покажала дека од 571 активен судија во професионалните лиги, 371 поседува обложувачки сметки, а 152 активно се вклучени во обложување.


Претседателот на федерацијата, Ибрахим Хаџиосманоглу, ова го оцени како сериозна морална криза во турскиот фудбал. По откривањето на аферата, Федерацијата веднаш суспендира 149 судии и нивни асистенти.

- Оглас -

Најнови вести