Претседателот на АЕК им забранил на ракометарите да играат, а Алкалоид им ja пушти „Ја излези Ѓурѓо“ (Видео)

Грчкиот клуб АЕК дојде во Македонија да прави хаос и да не го одигра натпреварот против Алкалоид. Македонскиот претставник победи со четири гола разлика (25-29) во Атина, а сега наводно претседателот на АЕК им забранил на ракометарите да играат, затоа што два автобуси со навивачи на клубот денеска биле вратени од македонско-грчката граница.

Сите фанови на АЕК кои дојдоа и во Скопје се солидаризирале и се вратиле назад во Грција, но и му „забраниле“ на раководството да го игра мечот. Ова е реванш натпревар од финалето на ЕХФ купот.

Од друга страна, ракометарите на Алкалоид се загреваат, а организаторот на гостите кои заминаа во соблекувалната им ја пушти и песната „Ја излези Ѓурѓо“…

- Оглас -

Најнови вести