Претседателот на Ал-Наср го измамиле двапати во животот, едниот кога го купил Кристијано Роналдо!

Претседателот на саудискиот Ал-Наср, Мусали Ал Муамар, дал контроверзна изјава по која станува јасно дека за Кристијано Роналдо нема иднина во клубот.

Ниту Роналдо не е многу среќен во Ал-Наср, а оваа изјава на Ал Муамар, која стана вирална, но не е потврдено дека е вистинита, дополнително ќе го разлути.

„Ме имаат измамено двапати во животот. Првиот пат кога нарачав три ќебапи, а добив само два. Вториот пат кога го купив Роналдо“, изјавил наводно Ал Муамар.

Роналдо има 11 гола на 11 настапи за Ал-Наср, но клубот нема да освои ниту еден трофеј.

- Оглас -

Најнови вести