Навивачите на шкотскиот Селтик беа воодушевени од гостопримството и атмосферата во Сараево при нивното гостување од квалификациите за Лигата на шампионите. Тие си заминаа со позитивни сеќавања и поради победата на нивниот тим, а имаа и една случајна средба со претседателот на нашиот западен сосед.
Албанскиот претседател Илир Мета се фотографираше со една група шкотски фанови, а тема на разговор со нив бил и некогашниот фудбалер Руди Вата, кој во минатото го носеше дресот на Селтик.
Навивачите на Келтите се пофалија со слики со претседателот Мета, кој носеше зелена кравата, во боите на Селтик.
Интересно би било да се види дали вака претседателот Мета би се однесувал и во Скопје доколку дојде на 30 или 31 јули, кога македонскиот првак Шкендија најверојатно ќе ги пречека Шкотите во реваншот од второто квалификациско коло.