Претседателот на Баерн не се кае што го смениле Нагелсман со Тухел, најави дека ќе купат напаѓач

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, не жали за одлуката да го сменат тренерот Јулијан Нагелсман и на негово место да го постават Томас Тухел. Затоа пак жали што веќе немаат играч од типот на Роберт Левандовски.

Со Нагелсман на клупата, Баерн имаше осум победи во осум меча, но клубот го отпушти. Дојде Тухел, следуваа пораз, реми и елиминација од ЛШ.

„Се гледа дека ни фали една деветка која ќе направи разлика. Летово ќе треба да купиме напаѓач за да бидеме конкурентни во Бундеслигата и Лигата на шампионите. Одлуката за доведување на Тухел беше добра. Со Нагелсман, на терен не се гледаше потенцијалот на тимот“, изјави Хајнер.

- Оглас -

Најнови вести