Претседателот на Баерн за Кејн: „Ако некој ја заслужува титулата, тоа е токму тој“

Баерн Минхен има осум бода предност пред Баер Леверкузен на четири кола до крајот на Бундеслигата и само чудо може да ги спречи да си ја вратат титулата. Доколку дојде до тоа, Хари Кејн на 31-годишна возраст ќе го освои својот прв голем трофеј во кариерата, а претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, вели дека тој тоа го заслужува.

„Ако го освоиме првенството, никој нема да ја заслужи титулата повеќе од Хари Кејн. Тој стана вистински лидер на Баерн. Се бори, работи, постигнува неверојатно многу голови и работи за екипата. Може да почувствувате колку многу тој сака да ја освои оваа титула“, вели Хенес.

Хари Кејн со Тотенхем загуби две финалиња на англискиот Лига куп, во 2015 и 2021 година, како и во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Со репрезентацијата на Англија беше поразен во финалињата на Европските првенства во 2020 и 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести