Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го поддржа крилниот напаѓач Ламине Јамал, кој беше критикуван поради начинот на којшто го прослави својот 18-ти роденден.
Јамал стана полнолетен на 13 јули. Според медиумските извештаи, на прославата биле поканети џуџиња, како и модели кои морале да бидат со одредена големина на гради.
„Беше приватна забава и жалам што не отидов. Беше извонредна забава, се забавуваа одлично. Тој има 18 години, организираше забава со своите пријатели, со луѓе од светот на забавата, Јутјуб ѕвезди, инфлуенсери, ТикТокери, пејачи. Сега тренира и тренира како никој друг. И во таа смисла, не можам да го обвинам. Напротив, сакам да му честитам и мило ми е што се забавуваа на роденденската забава“, вели Лапорта.