Барселона во саботата направи голем кикс и одигра само 1-1 на гостувањето кај Хетафе, па му дозволи на Реал Мадрид со победата над Лас Палмас да се одлепи на седум бода. Големо незадоволство владее во таборот на Каталонците од епилогот на овој меч, а вината за таквото нешто се гледа во судиските одлуки, не само на теренот, туку и на оние од ВАР-собата.
Посебно се истакнува ситуацијата кога Кунде беше фаулиран во шеснаесетникот, а тоа не беше доволно за судиите да покажат пенал за Барселона. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, јавно ги критикуваше случувањата на натпреварот во предградието на Мадрид.
„Судењето против Хетафе беше срамно. Тоа што не е досуден пенал е скандал. Скандал. Овој збор треба да се повтори неколкупати“, рече Лапорта.