Претседателот на Барса ги „олади“ навивачите за трансферот на Халанд

Барселона полека закрепнува од финансиските проблеми коишто ги имаше во последниве години, и тоа со вадење млади играчи од школата на тимот.

Јасно е дека ќе бидат потребни и големи засилувања со цел тимот да се врати на старите патеки, но во моментов раководството на тимот сè уште не е подготвено на таков чекор, а тоа го потврди и претседателот Хуан Лапорта, кој одговараше на прашања поврзани со трансферот на Ерлинг Халанд.

„Дури и да ја имавме најдобрата финансиска ситуација во светот, нема да правиме ризични договори на штета на клубот, а таков во моментов е Халанд.

Нема да преземаме ризик бидејќи тоа може многу да ни наштети“, изјави Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести