Претседателот на Барселона ја „украде“ чантата на девојката на Де Јонг (Видео)

Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг од вчера и официјално е нов играч на Барселона. Де Јонг доаѓа од тимот на Ајакс, трансферот беше договорен уште во јануари, а вчера беше промоцијата.

На претставувањето присуствуваа и семјеството на Де Јонг, како и неговата вереница Мики Кименеј. Таа заедно со Френки позираше пред фотографите, а потоа во кадарот неочекувано се појави претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу.

На изненадување на многумина, Бартомеу ја зема чантата која ја носеше девојката на Де Јонг, а потоа дозволи фотографирањето да продолжи. И фудбалерот и девојката се збунија зошто првиот човек на клубот го направи тоа, но постои логично објаснување.

Чантата која ја носеше девојката е од брендот „Диор“, а Барселона има договор со „Најк“ според кој, на промоцијата на новите играчи не смее да се рекламира ниту еден друг бренд освен „Најк“.

- Оглас -

Најнови вести