Претседателот на Бразил не го сака Анчелоти за селектор: Нека си го решава проблемот на Италија!

Претседателот на Бразил, Лула, не се согласува со ангажирање на Карло Анчелоти за селектор на Кариоките од следното лето.

Од Бразилската федерација најавија дека Анчелоти ќе го води тимот на Копа Америка во летото 2024 година, а Лула е еден од ретките Бразилци кои се против овој трофеен стручњак да го преземе националниот тим.

Бразил речиси 100 години немал странски селектор, ако не се сметаат неколкуте привремени кои го воделе тимот кратко на еден или два меча.

„Анчелоти никогаш не бил селектор на неговата Италија. Зошто не си го реши проблемот таму, Италија не игра на две светски првенства по ред“, рече Лула.

Лула му дава поддршка на Фернандо Диниз од Флуминенсе, кој е избран за привремен селектор.

„Јас сум фан на Диниз. Има карактер, креативност, командува во соблекувална, сите го слушаат. Лесно е да бидеш тренер во Европа со 11 репрезентативци во тимот. Тешко е да дојдеш тука и да го водиш Коринтијанс, кој се бори за опстанок. Би сакал да видам дали Анчелоти би се снашол во таква улога“, додава Лула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести