Претседателот на Фенербахче, Али Коч, за првпат во јавноста ја коментираше разделбата со тренерот на тимот, Жозе Мурињо. Специјалниот беше отпуштен од турскиот великан на крајот на август откако помина една година на клупата.
„Да испаднеме од Бенфика не беше проблемот. Неприфатлив беше начинот на кој тоа се случи. Останав со впечаток дека ќе гледаме ист фудбал како минатата година. Се разделивме затоа што сметавме дека овој тим треба да игра подобро на оваа фаза“, изјави Коч.
„Овој стил може да функционира во Европа, но во Турција ние мора да доминираме и да ги газиме противниците. Да дадеме 99 гола и да освоиме 99 поени – тоа е нашиот генетски код“, истакна Коч за „Хуријет“.
Инаку од попладнево, нов тренер на Фенербахче е Доменико Тедеско. Германецот со италијанско потекло потпиша на две години.