Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со претседателот ФИФА, Џани Инфантино во рамки на официјалниот самит на Светската фудбалската Асоцијација во Мајами, САД.
На средбата се разговараше за идните правци во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од ФИФА.

“Нашата визија се мали, но квалитетни стадиони. Не трибини без публика, туку терени, таму каде што почнува фудбалот,“ порача Омерагиќ.
Ваквиот пристап беше поддржан од Инфантино, кој посочи дека и во рамки на ФИФА се води токму таква стратешка дискусија, подобро е мал, но квалитетен стадион, отколку голем објект без содржина.
Дополнително, беше презентирана иницијативата на ФФМ клубовите да добиваат бесплатна опрема со услов да не се продава, туку да се донира на младите категории и децата.
Инфантино го поздрави концептот и најави дека ќе го сподели како позитивен пример на следните состаноци на ФИФА.
ФФМ изразува искрена благодарност за приемот и вниманието што претседателот на ФИФА го посвети на македонскиот фудбал.
Воедно, од страна на првиот човек на македонскиот фудбал беше упатена покана до претседателот на ФИФА за официјална посета на нашата земја.