Претседателот на ИОК на средба со нашите претставници во Токио (фото)

Македонскиот олимписки тим се адаптира во Токио во пресрет на стартот на Олимписките игри, на кои Македонија за првпат ќе има претставник во боречката дисциплина таеквондо.

Претседателот на светскиот Олимписки комитет, Томас Бах, денес се сретна со нашата делегација и му посака среќа на знаменосецот Дејан Георгиевски.

„Денеска ја имавме ретката и посебна чест да се сретнеме и да поразговараме со првиот човек на ИОК, претседателот на светскиот олимписки комитет Томас Бах, позборувавме за Македонија и за македонското таеквондо. Си разменивме и олимписки беџови, на крајот од разговорот првиот човек на олимпизмот на нашиот Дејан му посака многу среќа на настапите и светла спортска иднина“, стои во објавата на МОК на „Фејсбук“.

- Оглас -

Најнови вести