Европската фудбалска јавност е фокусирана на репрезентативните активности, но секогаш има новости кога е во прашање клупскиот фудбал.
Целата италијанска јавност, пак, е насочена кон тоа дали нивните момци ќе ја поминат Македонија, но последната изјава на претседателот на нивната Фудбалска федерација, Габриеле Гравиња, даде изјава за тамошните медиуми во врска со Јувентус и организацијата на Суперлигата.
„Јувентус ќе биде исфрлен во најниските лиги на Италија доколку ја организира Суперлигата. Ако тој договор биде реален, верувајте ние ќе бидеме уште пореални.
Суперлигата е погрешен одговор на денешните проблеми“, изјави Гравиња.