И после разделбата со Масимилијано Алегри, Јувентус одлучи да ангажира италијански тренер. Иако имаше шпекулации дека Конте, Покетино, Мурињо или Гвардиола ќе ја преземе „старата дама“, сепак прв пик на управата дефинитивно е некогашниот тренер на Наполи, Мауруцио Сари.
Претседателот на Јуве, Андреа Ањели, утре ќе биде во Баку каде Челзи и Арсенал ќе го играат финалето на Лига Европа, и си дал задача да не се врати во Торино додека не добие цврста гаранција од актуелниот тренер на Челзи, 60-годишниот Сари, дека доаѓа во Јуве.
Сари има договор со Челзи до 1 јули 2021 година, но се чини дека после само една сезона во Премиерлигата, се враќа во татковината и тоа во најтрофејниот клуб, со кој ќе треба да ја освои Лигата на шампионите, доколку не сака таму да остане само една сезона. Иако со Челзи го осови третото место во Премиерлигата и стигна до финалињата во Лига Европа и Карабао купот, мнозинството фанови на „сините“ од Лондон не се задоволни со работата на Сари.