23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Претседателот на Јувентус замина на Ибица да го комплетира големиот трансфер?

Италијанските медиуми најавуваат дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, заминал на аеродром за да оди на Ибица и да преговара за евентуалното доаѓање на Мауро Икарди во редовите на италијанскиот првак. Ањели на Ибица денеска треба да се сретне со Габриеле Глуфрид, човекот за кого се верува дека посредува во целата работа околу трансферот на Икарди.

Овие тврдења на италијанските медиуми се поврзуваат со фактот дека сопругата на Икарди, Ванда, која е и негова менаџерка, започнала да го „следи“ Габриеле на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Икарди веќе неколку месеци најавува дека ќе си замине од Интер, но засега нема ништо од такво нешто.

 

- Оглас -

Најнови вести