Претседателот на клубот се посрамоти: Го доведе кучето на стадион, а тоа втрча на теренот и го прекина мечот (Видео)
И на празни трибини има неочекувани инциденти на фудбалските дуели.

Цирих и Сион одиграа 1:1 во меч од швајцарското првенство, а дуелот ќе се памети по необчниот инцидент во второто полувреме. Иако нема публика на трибините, на теренот во еден момент се појави „непоканет гостин“.
Куче втрча на теренот, а фудбалерите и судиите збунето гледаа од каде се појави овој миленик. Во тој момент, претседателот на Цирих, Анчило Канепа, се симна на теренот и го повика својот миленик за да го врати назад на трибините.
There's a dog on the pitch.
I repeat – THERE IS A DOG ON THE PITCH 🥺
(🎥via @SuisseFoot)pic.twitter.com/IrlEuELYcp
— Champions League on CBS Sports (@UCLonCBSSports) February 21, 2021