Се чини дека претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебе, не може да се помири со „поразот“ во случајот „Дани Олмо“ и неговата регистрација наспроти одлуката дека тој нема право на настап за Барселона.
Тебас рече дека очекува фудбалерот да не ја заврши сезоната во Барселона.
„Очекував дека проблемите ќе ги решат во декември, но тие не успеаја, па се правеа во последните три дена. Олмо потпиша знаејќи дека можеби по јануари нема да може да игра. Компанијата која ги купи ВИП местата се чини дека нема пари за тоа. Се заврши на суд, но според мене, Олмо не би требало да го заврши првенството со Барселона“, рече Тебас.