23.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Претседателот на Лил е гневен: Веќе ми пишав и на Чеферин

Екипата на Лил ја имаше фаворитската улога на свој терен во дуелот против ПАОК, но на крајот загуби со 3:4. Лил кој пред само 20-тина дена успеа да го задрши Пари Сен Жермен играјќи 1:1, синоќа беше немоќен и прими дури четири гола од тимот од Солун.

Претседателот на Лил, Оливие Летанг како главен виновник за поразот на неговиот тим го гледа главниот судија Никола Дабановиќ од Црна гора. Според првиот човек на Лил, Дабановиќ морало да досуди пенал за домашниот тим во 39 минута, која еден домашен играч продре во шеснаесетникот, но со раце беше сопрен од противникот.

Судијата покажа дека играта треба да продолжи, но од ВАР собата се јавија со забелешка дека се работи за сомнителна ситуација и дека е можно да има пенал за Лил, па главниот арбитар беш да гледа повторена снимка. Најчесто во такви ситуации, арбитрите ја менуваат својата првична одлука, но овојпат Дабановиќ остана на својата констатација дека нема елементи за пенал. Тоа предизвика гнев кај Летанг.

„Веќе му пишав на господинот Чеферин. Тоа што се случи вечерва е неверојатно“, беше „уловен“ Летанг како вика кон главниот судија, покажувајќи го своето незадоволство од одлуката да не биде досуден пенал за Лил.

- Оглас -

Најнови вести