Претседателот на Малави е хит, трчаше како газела и пееше со сонародниците по успехот на фудбалерите (Видео)

Малави успеа по 11 години пауза да се пласира на Африканскиот куп на нации, а радоста на граѓаните на 19-милионската земја беше огромна.

Ги предводеше претседателот на Малави, Лазарус Чаквера, кој трчаше по улиците на главниот град Лионгве и со песна им се приклучи на сонародниците во прославата на големиот фудбалски успех.

Малави беше во транс, а во сите 28 дистрикти во три региони на африканската земја се прославуваше лудо.

Во последниот меч во квалификациите за настап на АФКОН , Малави во директен дуел за второто место во Б групата ја победи Уганда со 1:0 и заедно со Буркина Фасо е патник на африканскиот фудбалски шампионат.

Досега, популарните Флејмс имаат два настапи на АФКОН, во 1984 и во 2010 година, а ова ќе им биде трето учество. Шампионатот ќе се игра во Камерун на почетокот на идната година, иако требаше да се одржи во јуни и јули годинава, паралелно со Европското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести