Претседателот на Македонскиот олимписки комитет и поранешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, учествувал во хаосот што се случил на натпревар од Третата кошаркарска лига на Македонија помеѓу екипите на Бодњански лисици и Бутел.
Домашната екипа со звукот на сирената постигнала поени за победа, а додека траеле консултациите помеѓу судиите дали да ги признаат поени, на теренот се симнал Димевски и се обидел да сугерира дека поените треба да бидат признати.
Комплетните случувања на посочениот меч во кои учествувал и претседателот на МОК, може да ги прочитате во продолжение во извадокот од билтенот на КФМ.