Првиот човек на Пари Сен Жермен, Катарецот Насер Ал-Келаифи, е најзадоволен од случувањата на Светското првенство кое се игра во неговата земја.
В недела попладне, цел свет ќе го гледа финалниот дуел на Франција и Аргентина, селекции кои се предводени од големите ѕвезди на ПСЖ, Килијан Мбапе, односно Лионел Меси. Токму ова го сакаше Ал-Келаифи, чиј клуб многу пари потроши за да ги има овие две ѕвезди во своите редови, а чија држава потроши огромни средства за организација на Мундијалот, прв кој се игра во зима и прв во арапскиот свет.