21.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Претседателот на ПСЖ откри како течат преговорите со Меси околу новиот договор

Директорот на ПСЖ, Луис Кампос, изјави дека управата на Светците преговара со Лионел Меси околу новиот договор и дека ќе направи сè за Аргентинецот да остане во Париз.

„Во моментов преговараме со Меси за продолжување на неговиот договор. Нашата желба е да ја продолжиме соработката, ние како клуб имаме плаови за иднината и сакаме Меси да биде дел од тие планови“, изјави Кампос.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а медиумите, посебно тие во Шпанија, уште сега почнаа да пишуваат дека Аргентинецот ќе се врати во Барселона.

Но, првиот оперативец на ПСЖ, вели дека одлуката ќе ја донесе Меси, и според него, токму францускиот тим има предност пред Барселона.

„Сè уште немаме целосно идентични ставови со Меси, но тој ни рече дека сака да остане“, додава Кампос.

- Оглас -

Најнови вести